Српскиот репрезентативец Василије Мициќ ќе го напушти Анадолу Ефес и ќе ја продолжи кариерата во НБА лигата поточно во екипата на Оклахома сити тандер. Неофицијално двете страни се договориле, а Оклахома би го претставила Мициќ оваа недела после НБА драфтот на 22 јуни.
Мициќ и минатата година беше пред преселба во НБА лигата меѓутоа одбра да остане во Ефес уште една сезона. Сега се чини дојде редот да игра во најсилната лига во светот.
Србинот играше за Мега Визура,потоа Баерн Минхен, Црвена Звезда, Тофаш, Жалгирис и од 2018 година за Анадолу Ефес освојуваќи ја Евролигата во 2021 и 2022 година и беше прогласен за МВП во 2021 година.