Нашиот тим за Англија е истиот од Украина, Велковски на местото од Муслиу!

268

Спортмедиа во Манчестер, Игор Д. Ивановски

Ако нешто беше добро, најдобро, перфектно, тоа секако се првите 45 минути на Македонија од пред неколку дена кога се судривме со Украина. Летаа нашите фудбалери во тој дел однатпреварот, го газеа ривалот, имаа 2:0, а потоа во вториот дел ни се случи хаварија, тешка хаварија и пораз од 2:3 наместо сигурна и добра победа. И затоа вечерва Благоја Милевски очекувано не треба да менува ништо околу тимот со кој ќе истрча на стартот на „Олд Трафорд“. Принуден е да менува на стоперската позиција каде на местото од поцрвенетиот Висар Муслиу се очекува да го видиме искусниот Дарко Велковски.

Велковски не е во топ форма но неговиот минат труд во националниот тим е потребен за вечерашната битка со Англија. Серафимов и Манев го немаат потребното искуство за да влезат во оган. Тоа значи дека со Димитриевски на голот, Ристовски, Велковски и Зајков како тројка позади, а Ашковски и Алиоски на бочните страни. Во средината Барди, Адеми, Елмас и Трајковски, а во нападот Несторовски.

 

ПретходноОд младо до старо се збрало за Македонија!
СледноМакедонија го доби првиот дуел, совладана e Албанија