Ова се стартните состави: Велковски во тимот, во нападот Нестор, Алекс, Елмас…Саутгејт со Кејн, Рашфорд, Сака…

245

На нешто повеќе од еден час пред почетокот на вечерашниот меч во Манчестер, меѓу Англија и Македонија, селекторите Герет Саутгејт и Благоја Милевски ги објавија стартните состави.

И тие се очекувани, посебно кај нашиот. Она што го најавивме и се оствари. На местото на Висар Муслиу во стартниот тим е Дарко Велковски.

Ова се стартните состави:

АНГЛИЈА: Пикфорд, Вокер, Шо, Рајс, Стоунс, Мегваер, Сака, Хендерсон, Кејн, Арнолд – Александер, Рашфорд.

МАКЕДОНИЈА: Димитриевски, С. Ристовски, Велковски, Зајков, Ашковски, Алиоски, Барди, Адеми, Елмас, Несторовски, Трајковски.

Судија на овој меч е Иштван Ковач од Романија.

Ова е трет меч меѓу овие селекции на Островот, претходните два завршија без победник, 2:2 и 0:0.

ПретходноГест за паметење: Бенет Вигерт понудил прекин на финалето и трофејот да оди кај Кјелце!
СледноУкраинците добија два пенали, еден реализираа и едвај ја победија Малта, Барсегјан и донесе триумф на Ерменија!