Од Милевски само извини но не и збогум!

1179

Спортмедиа во Манчестер, Игор Д. Ивановски

По двата порази во јунските дуели од квалификациите, посебно вечерашниот од Англија со историски 7:0, селекторот на Македонија, Благоја Милевски испрати извинување и не поднесе оставка.
Сакам да се извинам на цела нација за нашето издание, во мое име и во името на играчите. Одговорноста е потполно моја, а големо извинување за оние навивачи кои дојдоа тука.
Се случуваат и вакви моменти. Но не значи дека при ваквиот ваков момент да се откажеме. Јас сум борец и со играчите ќе се бориме да ја смениме оваа слика. Што понатаму? Да преспиеме и да најдеме начин да се консолидираме”, изјави Милевски кој продолжи:

Денеска од што не бев задоволен!? Прво од себе а потоа и се останато. Англија покажа дека е во врвна форма и најсилна селекција во Европа“.

На прашањето дали планира да си замине:

Јас нема да се повлечам и нема да бидам кукавица ако си заминам на првата потешкотија. Тие истите ја победија Италија, а со Украина ги одиграа можеби најдобрите 60 минути!“, изјави Милевски.

ПретходноБРУКА се пишува, КАТАСТРОФА се чита: Милевски ги испушти конците, “куклите“ заспаа во театарот на соништата!
СледноНевиден ДЕБАКЛ на “Олд Трафорд“: Срамно, ужасно, катастрофално….(ФОТОГАЛЕРИЈА)