Реал Мадрид го потврди трансферот на напаѓачот Хосели кој дојде на позајмица од Еспањол. „Кралевите“ ќе платат 500.000 евра за позајмицата на 33-годишниот фудбалер, кој со Шпанија ја освои Лигата на нации. Позајмицата е на една година со можност фудбалерот да биде откупен за 1,5 милиони евра.
Во 2022/23, Хоселу одигра 34 натпревари во шпанскиот шампионат со ефект од 16 гола и 2 асистенции.