Сака е најмладиот стрелец на хет-трик за Англија

119

Англија ја „разнесе“ Македонија со 7:0 во 4.коло од квалификациите за ЕП 2024, а три од головите ги постигна напаѓачот на Арсенал, Букајо Сака. Овој фудбалер има 21 година и не само што го постигна првиот хет-трик во кариерата туку е најмладиот стрелец на три гола на еден меч во дресот на Англија уривајќи го претходниот рекорд на Тео Волкот против Хрватска во 2008 година.
Сака има вкупно 11 гола на 28 натпревари за Англија, а само во 2023 година постигна четири гола на исто толку натпревари.

Не се сеќавам кога последен пат дадов три гола на еден меч. Тоа беше во јуниорските категории. Имам добар голгетерски рекорд досега, но секогаш има простор за подобрување. Веројатно ќе си ја врамам топката за спомен.
Првиот гол беше убав, меѓутоа ќе го паметам вториот. Волеј удар надвор од шеснаесетникот… Тоа беше прекрасен гол“, изјави Сака.

ПретходноНевиден ДЕБАКЛ на “Олд Трафорд“: Срамно, ужасно, катастрофално….(ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноСаутгејт: Брилијантна ноќ, се беше перфектно направено