Даниел Мојсов и официјално се врати дома. Во родниот Кавадарци, во матичниот Тиквеш, каде што за искусниот сега веќе поранешен македонски репрезентативец со голем број на настапи во националниот тим започна фудбалскиот пат.
Така и му личи. Да заврши онаму каде што започна иако според игрите изминатиот период во Брегалница, Мојсов комотно може да ја продолжи фудбалската кариера уште неколку сезони. Искуството, но и очигледната одлична физичка подготовка доминираат кај стоперот, па Тикеш на чело со неговиот брат, тренерот Ѓорѓи Мојсов, летово инсистираа на негово враќање во Кавадарци.
Така и бидна како што впрочен Спортмедиа најави уште пред дваесетина дена.