Украинците добија два пенали, еден реализираа и едвај ја победија Малта, Барсегјан и донесе триумф на Ерменија!

246

Како увертира на мечот меѓу Англија и Македонија, попладнево се одигра уште еден меч од нашата квалификациска група-Ц за пласман на ЕВРО 2024 година.

Украина како голем фаворит ја дочека Малта во Трнава (Словачка) и едвај успеа да ја победи и тоа 1:0.

Да кажеме дека за Украинците беа судени два пенали, првиот во 52.минута кога Јармоленко не успеа да погоди. Вториот беше во 72.минута кога Циганков, кој е во супер форма, ова му беше четврти гол во третиот меч во серија, успеа да го реализира.

Па така Украина со овие 1:0 и новите три бода, сега има 6 бодови од три меча.

Покрај овој натпревар се одиграа уште два во останатите групи.

Ерменија со 2:1 ја победи Летонија и тоа со голот на екс – вардарецот Тигран Барсегјан од пенал во 90.минута.

Финска пак со 6:0 просто ја декласира селекцијата на Сан Марино.

Интересно, Хаканс за 9 минути, од 65. до 74.минута постигна хет-трик.

ПретходноОва се стартните состави: Велковски во тимот, во нападот Нестор, Алекс, Елмас…Саутгејт со Кејн, Рашфорд, Сака…
СледноРеал се засили со искусниот Хоселу