Вечерва се одиграа неколку квалификациски средби за пласман на ЕП 2024. Во Самсун играа Турција и Велс, а победија домашните со 2:0 со голОВИ во второто полувреме. Прво Мепам погоди во 9 минута но неговиот гол беше поништен поради офсајд. Во 41 минута Велс остана со 10 играчи во поле поради црвениот картон на Морел.
Во 64 минута Чаланоглу промаши пенал, но, сепак, Турците стигнаа до предност во 72 минута. Напаѓачот на Умраниеспор, Умит Најир погоди и донесе водство на Турција. Точка стави 18-годишниот играч за врска на Фенербахче, Арда Гулер.
Турција ја забележа третата победа во овие квалификации од четири меча. Велс има четири бода (победа, реми и два порази).
А на „Сен Дени“ во Париз, репрезентацијата на Франција славеше над Грција со 1:0. Голот за победа го постигна Мбапе од пенал во 55 минута. Грците од 70 минута играа со фудбалер помалку поради исклучувањето на Мавропанос.
Франција има четири од четири (12 бода), Грција е втора со шест бода по три меча.
РЕЗУЛТАТИ
ЕРМЕНИЈА – ЛЕТОНИЈА 2:1
ФИНСКА – САН МАРИНО 6:0
УКРАИНА – МАЛТА 1:0
БЕЛОРУСИЈА – КОСОВО 2:1
АНГЛИЈА – МАКЕДОНИЈА 7:0
ФРАНЦИЈА – ГРЦИЈА 1:0
ИРСКА – ГИБРАЛТАР 3:0
ИЗРАЕЛ – АНДОРА 2:1
С.ИРСКА – КАЗАХСТАН 0:1
СЛОВЕНИЈА – ДАНСКА 1:1
ШВАЈЦАРИЈА – РОМАНИЈА 2:2
ТУРЦИЈА – ВЕЛС 2:0