Шампионот со свои претставници во Нион на утрешната ждрепка!

424

Утре од 14 часот во Нион ќе се одржи ждрепката за 1.квалификациско коло во Лигата на Шампионите за сезоната 2023/24. Меѓу оние екипи кои ќе се најдат во шеширите ќе биде и нашиот шампион, тимот на Струга Трим Лум.

Имено дел од потесното раководството на клубот ќе биде во Нион од каде во живо ќе ја проследи самата ждрепка и ќе го дознае ривалот на стартот во ова натпреварување, во кое Струга ТЛ ќе го има свое деби.

Делегацијата ќе биде предводена од спортскиот директор Бесарт Исаку, а во неа ќе бидат и секретарот Мифтар Шаќири и шефот на ПР службата на шампионот, Ресул Чолаку.

Да се надеваме дека стружани ќе имаат среќа на утрешната ждрепка.

Претходно„Фалангата“ не купува шал со „НОРТ“ за дуелот со Англија!
СледноБеќири беше на проба во Јунајтед, сега е тука и најавува: „ Само да не примиме брз гол…“