Спортмедиа во Манчестер, Игор Д. Ивановски
Хаварија на Македонија на “Олд Трафорд“ вечерва, во меч од квалификациското 4.коло за ЕВРО 2024 година во групата – Ц. Англија со 7:0 успеа да слави над Македонија.
Неверојатен пораз, најубедлив, најсрамен пораз во историјата на фудбалската репрезентација од Крањ 1993 година па наваму.
И кога ќе се загуби на ваков начин нема што многу да се коментира.
„Театарот на соништата“ се претвори за нас во “Театарот на кошмарите“.
Македонија ништо, ама баш ништо не одигра. Вистинска катастрофа и ужас.
Едноставно дебакл од најголеми размери.
А Англичаните начекаа па просто не “наполнија“.
КЕЈН ОТВОРИ, ПА САКА И РАШФОРД
Полн стадион, цеки 70.708 гледачи на “Олд Трафрд“, од кои најмалку околу 1.000 македонски навивачи видоа лошо, катастрофално па и ужасно прво полувреме на Македонија.
Освен продорот на Ашковски во 4.минута, кога се сплетка и не уфрли кон петерецот, ние речиси и да не го “помирисавме“ домашниот шеснаесетник.
А Англија си играше некоја свија игра, се чини не се претргна а успеа да ни даде три гола и на пауза да замине со 3:0. Прво Кејн стрелаше во 29.минута, па следуваше Сака десет минути подоцна со прецизен удар под пречката, за да и Рашфорд се запиша во листата на стрелците во 44.минута, па така со тие 3:0 заврши првиот дел.
Треба да се истакне и една непријатна сцена кога Кејн и Ристовски се судрија со главите во таа 16.минута, па потоа по неколку минутна лекарска интервенци, нашиот капитен продолжи со “чалма“ на главата.
„БОМБА“ НА САКА ЗА 4:0…ПА НИ “СТЕГНА“ ХЕТРИК
Како што заврши првиот дел, така почна и вториот. Со гол на домашните за 4:0 и тоа каков гол? Фантастичен. Сака се најде на околу 18 метри, топката му отскокна а овој со полуволеј распали по нејзе, Столе беше немоќен.
Македонија ужасна, а Англија гази. Посебно Сака, кој во 51.минута излезе сам пред Столе и дава гол за 5:0.
Неверојатно. Што ли игра Македонија?
По тие 5:0 мало затишје на теренот, тоа како да го искористија селекторите Саутгејт и Милевски да направат замени, и тоа четворица нови во 58.минута кај домашнитем а тројца кај нас една минута порано.
Не се гледаат маките на нашите фудбалери, сега на ред дојде Филипс, кој во 64.минута стрелаше за 6:0. Неверојатно, ужасните сцени продолжуваат за нас и во оваа фаза од овој натпревар кој за нас е катастрофа.
А остануваат уште половина час игра на “Олд Трафорд“.
Страшно…
Ништо, ама баш ништо од нашите кои и дефинитивно се декласирани, доживеаја класичен пораз.
Ова нема крај, правиме пенал, а Кејн стрела за 7:0 во 73.минута. Неверојатно.
Квалификации за ЕВРО 2024, група – Ц
АНГЛИЈА – МАКЕДОНИЈА 7:0 (3:0)
Стадион “Олд Трафорд“ во Манчестер. Гледачи. 70.708. Судија: Иштван Ковач (РОМ). Стрелци: Кејн 29., (п) 73,. Сака 39., 47,51, Рашфорд 44., Филипс 64. (АНГ). Ж. Картони: Рајс (АНГ), Бејтулаи (МАК).
АНГЛИЈА: Пикфорд, Вокер, Мегваер, Стоунс, Шо, Александер – Арнолд, Рајс (58 Филипс), Хендерсон (58. Галагер), Сака (58 Фоден), Кејн (74. Вилсон), Рашфорд (58. Грилиш).
Селектор: Герет Саутгејт.
МАКЕДОНИЈА: Димитриевски, С. Ристовски (46. Бејтулаи), Велковски, Зајков (57. Серафимов), Ашковски, Барди (68. Дор. Бабунски), Адеми (57. Атанасов), Алиоски, Елмас, Трајковски (57. Дав. Бабунски), Несторовски.
Селектор: Благоја Милевски.