Беќири беше на проба во Јунајтед, сега е тука и најавува: „ Само да не примиме брз гол…“

3110

Спортмедиа во Манчестер, Игор Д. Ивановски

Поминаа многу години, националниот тим на Македонија е во Манчестер а при слетувањето на аеродромот во саботата имавме разговор со Арџент Беќири, поранешниот бомбардер со таа страшна негова лева нога.

Се будат, емоции и спомени…

Сегашниот член на УО на ФФМ пред многу години беше тука во Манчестер Јунајтед на проба во тимот на славниот Сер Алекс Фергусон!

Одамна беше тоа… Далечната 1996 година тука дојдовме на проба заедно со Хусеин Бегановиќ. Двајцата бевме мноу млади и трениравме со вториот тим на Манчестер Јунајтед. Убави спомени се тоа… не останавме, но добивме сппомени кои барем јас цел живот ќе ги памтам“, е коментарот на Беќири кој од тоа време ја има групната слика од настапот со вториот тим на „ѓаволите“ на пријателски меч. Тука на фотографијата покрај Арџент се и Весли Браун и Џон О`Ши од оние попознатите.

No photo description available.

Сега Македонија игра со Англија, а Беќири најавува: “Само да не примиме брз гол. Англија е страшна, многу јака, а атмосферата на стадионот ќе биде пресудна на стартот од средбата. Тој притисок да се издржи, да ја спуштиме топката и да играме. Ние знаеме како против силни репрезентации. Веруваме во чудо...“.

Англија и Македонија играат вечерва од 20:45 часот на „Олд Трафорд“.

ПретходноШампионот со свои претставници во Нион на утрешната ждрепка!
СледноФото на денот: Македонија на лицето, но и во срцето!