Екипата на Пелистер за следата ВМФЛ сезона планира да води главен збор во шампионатот, и да го врати статусот на прволигаш. Во Битола тоа е единствената опција па летово се прави реконструкција на тимот.
Се стартуваше со доведување на нов тренер, во името на Влатко Костов, а сега е на ред играчкиот кадар.
Како најава за засилувањата, се новите договори на активните играчи како браќата Љамчевски, ветеренот Борче Маневски, Бојан Спиркоски, Марио Наумоски, Филип Миленковски, Христијан Гроздановски и голманот Илче Петровски.
Сите овие го сочинуваат костурот на екипата, а во деновите кои следуваат секако дека очекуваме од управата да ги доведе и првите засилувања.