Јасно е дека на вечерашниот дуел во Манчестер домашната селекција е голем, огромен фаворит. Тука нема дилеми, но посебно интересно е тоа што обложувалниците не и даваат никакви шанси на Македонија. Имено коефициентот за победа на Македонија, односно “2“ е дури 20.00.
Тоа значи на уплатени, патриотски, 1.000 денари ако Елмас и другарите вечерва победат на “Олд Трафорд“ добивката е 20.000 денари.
Од друга страна за реми или “Х“ коефициентот е 10.00, додека за победа на Англија или “1“, верувале или не, тој е само 1.10.
Значи на уплата од 1.000 денари за победа на Англија, во случај домашната селекција да триумфира, тогаш добивката е само 100 денари.