„Фалангата“ не купува шал со „НОРТ“ за дуелот со Англија!

1492

Спортмедиа во Манчестер, Игор Д. Ивановски

Го прашуваме локалниот продавач на навивачки реквизити, колку чини специјалниот шал за дуелот Англија – Македонија!?

Одговорот: 15 фунти!

Го нуди да се види и веднаш од наша страна: не, не, не…

Зошто…!“ Се чуди продавачот!?

Вие не сте единствените од Македонија кои вака реагираат и бегаат од дресот и не сакаат да го купат…!?

Проблемот е : „Норт…’“, му кажуваме и веднаш му текнува за проблемот на Македонија со Грција.

Добро барем домашните навивачи ќе купат, тие не знаат за вашата одбивност кон поимот Норт. Со среќа вечерва“, ни порача продавачот кој остана зачуден и вознемирен.

Таков проблем имаше и на ЕП во Романија каде дилерите на шалови останаа со празни раце за разлика од оние кои не ја ставија на шалот додавката на името на нашата земја .

No description available.

ПретходноАнид Абази пред промоција во Гостивар!
СледноШампионот со свои претставници во Нион на утрешната ждрепка!