Германскиот репрезентативец Илкај Гундоган призна за разговори меѓу неговиот агент и претставници на Борусија Дортмунд, но кажа дека нема да се врати во Бундес лигата.
„Се уште не сум одлучил каде ќе ја продолжам кариерата“, изјави Гундоган.
„Имаше контакти со Борусија Дортмунд, но не меѓу мене и клубот, туку меѓу мојот агент и Себастијан Келн (спортскиот директор на Дортмунд). Имам силна врска со Борусија, интересот не ме изненади, но не планирам враќање во Бундес лигата“, коментира 32-годишниот играч.
Договорот на Гундоган со Сити истекува на крајот на сезоната, англискиот клуб сака да го задржи, а сериозен интерес за него покажува Барселона.