Вечерва продолжуваат натпреварите од квалификацискиот циклус за пласман на Евро 2024. Во рамките на новото коло денеска неколку средби го привлекуваат интересот. Во рамките на групата „Ф“, можеби и најинтересниот меч вечерва ќе се одигра на „Ернст Хапел“ во Виена, каде Австрија ја пречекува Шведска. Австријците почнаа со победа и реми по првите два меча, додека селекцијата на Шведска има победа и пораз пред гостувањето во Виена. Во оваа група вечерва играат и Естонија и Белгија, каде гостите се во позиција на големи фаворити.
Србија во третото коло од квалификациите во групата „Г“ ќе игра против Бугарија. Натпреварот ќе се одигра во Разград и доаѓа во момент кога Србија со победи и без примен гол го започна квалификацискиот циклус за ЕП 2024. Победите над Литванија и Црна Гора ги донесоа Србите на врвот во групата, додека Бугарија во рамките на трите досегашни дуели нема ниту еден триумд (едно реми и два порази). Унгарија во ова агрупа како фаворит го пречекува тимот на Литванија.
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕВРО 2024
ГРУПА А
20.45 Норвешка – Кипар
20.45 Шкотска – Грузија
ГРУПА Е
20.45 Ф. Острови – Албанија
20.45 Молдавија – Полска
ГРУПА Ф
20.45 Австрија – Шведска
20.45 Естонија – Белгија
ГРУПА Г
20.45 Бугарија – Србија
20.45 Унгарија – Литванија
ГРУПА Ј
20.45 БиХ – Луксембург
20.45 Исланд – Португалија
20.45 Лихтенштајн – Словачка