ЛШ – 1.квалификациско коло: Струга ТЛ на мегдан со Жалгирис Виљнус!

1013

Екипата на Жалгирис Виљнус од Литванија е ривалот на Струга Трим Лум во 1.квалификациско коло во Лигата на Шампионите. Така сакаше денешната ждрепка во Нион.

Се разбира дека ова е тешка ждрепка за нашиот шампион, но истата не е непремостлива пречка. Станува збор за шампион на Литванија.No description available.

Инаку мечевите се играат на 11/12 и 18/19 јули, прво Струга ТЛ игра на гости, а потоа дома во Охрид. Познато е дека во случај на триумф нашиот шампион ќе се пласира во 2.квалификациско коло и во најлош случај понатаму ќе има обезбедено пласман во плеј – офот во Лигата на Конференции.

Во случај на елиминација на стартот во овие квалификации во ЛШ, тогаш Струга ТЛ ќе се најде во 2.квалификациско коло во Лигата на Конференции и за ривал ќе добие некој од шампионскиот пат.

ПретходноМакедонија ќе има силен тест пред ЕП 2023: Египет, Грција и Јапонија доаѓаат на Меморијалот „Чајка“
СледноДавидовски по страотниот инцидент: Само го пуштив воланот!