Според сегашните олимписки правила, Рафа Надал воопшто нема право да учествува на олимпискиот тениски турнир. Надал не настапи за шпанската репрезентација на последните два меча од Дејвис купот, што е задолжителен предуслов за тенисер да учествува на Олимписките игри.
Сепак, можно е да се направи преседан поради освојувачот на 22 Грен слем титули. Претседателот на Германската тениска асоцијација и кандидат за претседател на Меѓународната тениска федерација (ИТФ), Дитлоф фон Арним, е еден од оние кои се залагаат за тоа:
„Тоа се правилата, но зошто им отежнуваме и им создаваме проблем на играчите? Рафа сака да игра во Париз, да му олесниме и да ги смениме правилата. Не сум во Олимпискиот комитет, но треба да се разговара. Доколку постои можност би го направил тоа, би додал и дека играчите треба да добијат бодови од Олимписките игри. Треба да гледаме како да им помогнеме, а не да им ставаме пречки. Нека играат, ние мора да ги поддржиме“, изјави Фон Арним.