Пипо Инзаги: Поради Алегри предвреме ја прекинав фудбалската кариера

519

Филипо Инзаги зборуваше за својот однос со тренерот Масимилијано Алегри во својата нова автобиографија. Поранешниот напаѓач играше за мали италијански клубови, а пробивот го направи во Јувентус за кого постигна 89 голови во 165 натпревари меѓу 1997 и 2001 година.
Потоа Инзаги му се приклучи на Милан каде што помина 11 години и му помогна на тимот да освои две „Скудето“, две ЛШ и Куп на Италија…
Во својата автобиографија „Вистинскиот момент“ објасни зошто одлучил да ги закачи копачките на клинец во 2012 година.
Алегри ми ја прекина кариерата како фудбалер. Всушност, пролетта 2012 година, Милан и јас постигнавме договор да ја продолжиме соработката на уште една година. Јас требаше да бидам важна алка во соблекувалната која ги „загуби“ Малдини, Пирло, Неста, Гатузо, Сидорф за краток период.

Заминаа важни фигури, се отворија големи „дупки“. Галијани беше среќен што најде решение за мене. Но од друга страна, Алегри го одби, не ме сакаше во соблекувалната повеќе и тоа им го кажа на директорите. Тој побара да не ми го продолжат договорот. Тоа беше голем удар за мене“, изјави Инзаги.

ПретходноДругарите се шегуваат: Јокиќ е најдобар во НБА, ама не е во ТОП-5 во Сомбор!
СледноГундоган: Има интерес, но не се враќам во Бундес лигата