Рафа Бенитез се враќа во Ла Лига

382

Трофејниот шпански стручњак Рафаел Бенитез го напушти Евертон во јануари минатата година, а после неколку месечна пауза се враќа на тренерската работа сега во шпанската Ла Лига.
Како што пренесува „Атлетик“, Шпанецот ќе биде нов тренер на Селта од Виго, а на тоа место ќе го замени Карлос Карвахал кој го напушти клубот по раскин на договорот.
Бенитез во изминатите 18 месеци добил околу 20 понуди за работа, вклучувајќи и од Саудиска Арабија, но ги одбил.
Бенитез беше тренер на Валенсија, Ливерпул, Интер, Наполи, Челзи, Њукасл, Реал Мадрид, а работеше и во Кина.

ПретходноРоналдо е првиот фудбалер со 200 настапи за репрезентација
СледноЛуксембург ја шокира БиХ во Зеница, Србија се спаси од пораз со гол во 97 минута