Тиквеш го претстави Спиркоски

344

Дефанзивниот играч за врска, Благојче Спиркоски од денеска е нов фудбалер на Тиквеш. Кавадарчани успеаја да се договорат со 26-годишниот прилепчанец, кој минатата сезона ја помина во редовите на Гостивар, со кој обезбеди пласман во ПМФЛ.

Спиркоски во Тиквеш доаѓа како слободен фудбалер. Претходно тој настапуваше и за екипите на Шкупи, Силекс, Пелистер, Македонија ЃП и Победа.

ПретходноТенисерките убедливо подобри и од Азербејџан
СледноЛацио не попушта: Кој го сака Милинковиќ-Савиќ да си плати 40 милиони евра