Специјалната Олимпијада на Македонија под водство на тренерот Ифраим Љутасе закити со првите одличја на најголемиот спортски собир за лица спортисти со интелектуална попреченост, Летни олимписки игри на Специјалната олимпијада кои се одржуваат во Берлин.
Ви машка конкуренција Агрон Хајредини го освои златниот медал, тој постигна најдобри резултати во атлетската дисциплина “скок во далечина од место“. Во истата дисциплина, но во женска конкуренција, Јулијана Петровска се закити со сребрен медал.