Апсолутен рекордер: Роналдо вечерва влегува во “клубот 200“!

321

Кристијано Роналдо е еден и единствен, барем кога се во прашање настапите на некоја национална репрезентација. Имено тој вечерва, на гостувањето кај Исланд, ако влезе во игра, ќе го запише својот 200-ти настап за Португалија. Тој и онака со тие 199 меча е рекордер, но вечерва како прв фудбалер ќе влезе во “клубот 200“ и со тоа ќе влезе во историјата.

Во тие 199 меча, Кристијано успеал да постигне неверојатни 122 голови.

Инаку своето деби за националната селекција на Португалија го имаше пред точно 20 години, на 20 август 2003 година и тоа против Казахстан кога во игра влезе во 46.минута на местото на Луис Фиго.

ПретходноХрватска останува без селектор, Далиќ се сели во С. Арабија и ќе му биде тренер на Кристијано?!
Следно„Индепендент“: Манчестер Ј. и Реал тргнаа по Димарко