Евро-квалификации: Србите по нова победа во Разград, дерби на „Ернст Хапел“ во Виена

87

Вечерва продолжуваат натпреварите од квалификацискиот циклус за пласман на Евро 2024. Во рамките на новото коло денеска неколку средби го привлекуваат интересот. Во рамките на групата „Ф“, можеби и најинтересниот меч вечерва ќе се одигра на „Ернст Хапел“ во Виена, каде Австрија ја пречекува Шведска. Австријците почнаа со победа и реми по првите два меча, додека селекцијата на Шведска има победа и пораз пред гостувањето во Виена. Во оваа група вечерва играат и Естонија и Белгија, каде гостите се во позиција на големи фаворити.

Србија во третото коло од квалификациите во групата „Г“ ќе игра против Бугарија. Натпреварот ќе се одигра во Разград и доаѓа во момент кога Србија со победи и без примен гол го започна квалификацискиот циклус за ЕП 2024. Победите над Литванија и Црна Гора ги донесоа Србите на врвот во групата, додека Бугарија во рамките на трите досегашни дуели нема ниту еден триумд (едно реми и два порази). Унгарија во ова агрупа како фаворит го пречекува тимот на Литванија.

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕВРО 2024

ГРУПА А

20.45 Норвешка – Кипар

20.45 Шкотска – Грузија

ГРУПА Е

20.45 Ф. Острови – Албанија

20.45 Молдавија – Полска

ГРУПА Ф

20.45 Австрија – Шведска

20.45 Естонија – Белгија

ГРУПА Г

20.45 Бугарија – Србија

20.45 Унгарија – Литванија

ГРУПА Ј

20.45 БиХ – Луксембург

20.45 Исланд – Португалија

20.45 Лихтенштајн – Словачка

ПретходноХристов е првото големо засилување за Пелистер
СледноЛК – 1.квалификациско коло: “Лавовите“ против РФС од Летонија, лесни пречки за Шкендија и Шкупи