Е. Пелистер во елитното друштво: ЕХФ ја потврди листата од 16 екипи кои ќе играат во новата сезона од ЛШ

237

ЕХФ денеска и официјално го потврди списокот на 16 екипи кои следната сезона ќе настапуваат во ракометната Лига на шампиони. Меѓу учесниците во групната фаза, по една сезона пауза, се враќа и македонски преставник. Шампионот Е. Пелистер се најде во најсилното европско друштво кое на 27 јуни ќе се најдат во садовите од каде ќе се одредуваат групите за новата сезона.

ЕХФ ги додели шесте вајлд-карти од кои профитираа Загреб кој повторно ќе биде дел од Лигата на Шампионите, исто како и пораншниот европски првак Монпелје. ЕХФ реши да им додели уште по едно место на екипите од Унгарија и од Полска. Тоа значи дека во новата сезона повторно ќе учествуваат и Пик Сегед и Висла Плоцк.

Две вајлд-карти заминаа и за Скандинавија и тоа кај дански Алборг, како и во норвешки Колстад. Ждрепката е закажана од 11 часот во Виена на која ќе бидат формирани две групи со по 8 екипи.

ПретходноСелекторот на Србија седнува на клупата на Партизан!
СледноОФИЦИЈАЛНО: Нкунку го облече дресот на Челзи