Познати се ривалите на трите наши претставници во 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции. Македонија ЃП за противник го доби тимот на РФС од Летонија, Шкендија за ривал го има составот на Хаверфордвест од Велс а Шкупи пак ќе игра со Хегелман од Литванија.
Се чини дека Македонија ЃП, со оглед на тоа дека беше како неносител ќе има тешка задача, додека Шкендија и Шкупи не би требало да имаат проблеми да ја минат оваа фаза во квалификациите во Лигата на Конференции.
Инаку мечевите од оваа фаза се закажани за 13 и 20 јули.