Македонската одбојкарска репрезентација ќе има силна генерална проверка на силите непосредно пре дпочетокот на годинешното Европско првенство, чиј ко-организатор е и Скопје. Во рамките на новото издание на Меморијалниот одбојкарски турнир „Бранко Хаџииљоски – Чајка“ кој оваа година ќе се одржи од 18 до 20 август во Скопје во СЦ „Борис Трајковски“, избраниците на селекторот Јошко Миленкоски ќе имаат одлични контролни дуели.
Според потврдата од организаторите, оваа година на Меморијалот „Чајка“ покрај репрезентацијата на Македонија ќе настапат и силните селекции на Египет, Јапонија и Грција. Овие три селекции во трите дена на турнирот ќе одиграат меѓусебни дуели кои нашата репрезентација ќе ги искористи како последна проверка на силите пред првите возбудувања на Евроволеј 2023.
Македонија е домачин на групата „Ц“ на Европското првенество кое стартува на 30 август со натпреварот против селекцијата на Данска.