Младинците на „тест“ во Подгорица, Василев патува со 16 кошаркари!

138

Машката селекција „Под 20“ години го финишираше оној воведен дел од подготовките за настап на ЕП од Дивизијата „Б“ кој стартува на 7. јули во Скопје.

По завршување на првата фаза, денеска предводникот Никола Василевски и неговите момци ќе патуваат за Подгорица, каде во наредните два дена, на 21 и на 22. јуни, нашата машка младинска селекција ќе одигра и два контролни натпревари против репрезентацијата на Црна Гора.

„Со мојот црногорски колега, се договоривме двата натпревари да ги играме во попладневни термини, односно од 18.30 часот, со цел да се привикнеме на оние термини кои ги имаме на Европското првенство во Скопје. Домаќините ни излегоа во пресрет на овие барања, па двете проверки ќе ги играме во ова време, она во кое ќе ги играме нашите мечеви од Европското првенство“ – вели селекторот Василев, пред заминувањето за Подгорица, предвидено за 11. часот.

Околу очекувањата од овие први тестови, Николов дополнува:

„Патуваме во Подгорица на двомеч со  репрезентацијата на Црна Гора. После десетдневните подготовки во Скопје ќе одиграме два натпревари со противник кој има одличен физикус и секогаш е во врвот. Ова ќе биде одличен тест, да видиме до каде сме со сработеното, и насока, како понатаму. Атмосферата и работната етика во тимот е одлична, имавме некои мали повреди кои полека ги санираме“.

СПИСОК НА ИГРАЧИ ЗА ПРИЈАТЕЛСКИТЕ НАТПРЕВАРИ ВО ЦРНА ГОРА

Амар Хот, Марин Петков, Андреј Митревски, Карло Блажевски, Филип Пандев, Виктор Стојковски, Димитар Иванов, Никола Василевски, Милош Јовановиќ, Андреј Шошкиќ, Петар Бошалески, Филип Наков, Никола Бојчев, Тома Стојаноски, Резарт Мемед, Теодор Симиќ.

ПретходноСкратен е списокот со можните ривали на нашите претставници во 1.квалификациско коло во ЛК, денеска е ждрепката
СледноНа подготовките во Словенија: Шкендија си закажа пријателски со Петролул, Сараево, Горица…