Челзи денеска објави дека потпишал договор со францускиот репрезентативец Кристофер Нкунку до 30 јуни 2029 година.
Нкунку (25) досега беше член на Лајпциг, а неговиот договор со Челзи ќе важи од први јули.
Лондонскиот клуб не ја откри висината на трансферот, но британските медиуми тврдат дека Челзи на Лајпциг му платил отштета од 62 милиони евра.
„Неверојатно сум среќен. Со нетрпение очекувам да се сретнам со новите играчи и тренерот, се надевам дека ќе им покажам на навивачите на Челзи што можам да направам на теренот“, изјави Нкунку за официјалниот сајт на клубот.
Нкунку пристигна во Лајпциг во 2019 година од Пари Сен Жермен.