Петковски уште две години на голот на Пролет!

71

Пролет успешно финализираше уште едни преговори, откако беше најден заеднички јазик со Андреј Петковски за овој голман да остане во клубот уште најмалку две сезони.

Петковски пред две години дојде во Т. Пролет и прикажуваше добри игри во дресот на нашиот клуб, а ланската сезона формираше одлично тандем заедно со црногорскиот интернационалец Михаљевиќ. Токму затоа, управата на клубот имаше зацртана цел да ги задржи двајцата чувари на мрежата, успевајќи во својата намера со договорите потпишани најпрвин со Михаљевиќ, а сега и со Петковски.

„Презадоволни сме од развојот на Петковски во нашиот клуб, партиите што ги прикажува и професионалноста на тренинзите и на натпреварите. Како клуб сме горди на голманскиот тандем што го имаме, веруваме дека од Петковски и од Михаљевиќ ќе добиеме значајна поддршка и во новата сезона, во која повторно ќе атакуваме на висок пласман“, изјави директорот на Тинекс Пролет, Сашо Огњеновски.

Пролет продолжува со потрагата по нови засилувања, а предвидено е до почетокот на подготовките на тимот да му се приклучат двајца нови ракометари.

ПретходноАгрон Хајредини освои златен, Јулијана Петровска сребрен медал на Специјалната олимпијада!
СледноСелекторот на Србија седнува на клупата на Партизан!