Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд во секој момент се очекува да потпише нов договор со клубот. Двете страни ги прецизираа сите детали од новиот договор и останува само неговиот формален потпис, открива трансфер гуруто Фабрицио Романо.
Ова е секако добра вест за навивачите на Јунајтед, откако Рашфорд ја уживаше својата најсилна сезона за клубот, постигнувајќи 30 гола и 11 асистенции на 56 натпревари во сите натпреварувања. Со потпишувањето на новиот договор ќе има крај на шпекулациите за иднината на фудбалерот за кој се интересираа неколку клубови.
EXCLUSIVE: Manchester United are on the verge of reaching an agreement with Marcus Rashford over new long term deal. He’s set to accept the proposal. 🚨🔴 #MUFC
Negotiations at final stages — Rashford, ivery happy with Erik ten Hag.
Final details to be sorted — here we go soon. pic.twitter.com/W7Txcx2Cfb
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) June 19, 2023
И самиот играч е среќен што ќе остане уште долго на „Олд Трафорд“. Тој е младински играч на клубот, роден е во Манчестер и ги сака црвените ѓаволи. Напаѓачот е исто така многу задоволен од работата со менаџерот Ерик тен Хаг и верува дека Холанѓанецот има квалитети да го врати тимот на врвот во наредните години.