Селекторот на Србија седнува на клупата на Партизан!

726

Селекторот на српската ракометна репрезентација, Тони Џерона ќе биде нов тренер на Партизан. Шпанскиот стратег на клупата на „црно-белите“ доаѓа на местото на Дарио Кржељ, кој не успеа да го донесе трофејот во домашниот шампионат.

Џерона и раководството на Партизан наскоро ќе ја официјализираат трогодишната соработка. Оваа промена на тренерското место ги најавува и амбициите на „црно-белите“ за следната сезона, шпанскиот стратег се очекува да го подигне нивото и да донесе шампионска титула.

Инаку српскиот тим ќе биде учесник на годинешното издание на традиционалниот турнир во Струга.

ПретходноПетковски уште две години на голот на Пролет!
СледноЕ. Пелистер во елитното друштво: ЕХФ ја потврди листата од 16 екипи кои ќе играат во новата сезона од ЛШ