Во Лигата на Конференции, ждрепката за 1.квалификациско коло ќе се одржи во 15 часот денеска во Нион.
Познато е дека Шкендија и Шкупи се носители, па ќе имаат и полесни ривали, а Македонија ЃП е во групата на неносители па ќе има потежок ривал на хартија.
На Шкендија како носител ќе и се падне една од овие пет екипи: Жилина (СВК), Хака (ФИН), Дери Сити (ИРС), Викингур (ИСЛ) и Хавервордвест (ВЕЛ).
Шкупи како носител ги “доби“ Паиде (ЕСТ), Сент Патрик (ИРС), Дукаѓини (КОС), Гленторан (С. ИРС), Хегелман (ЛИТ), Пенубонт (ВЕЛ).
Македонија ЃП е неносител и за ривал ќе добие една од следните пет екипи: Дунајска Стреда (СВК),Пјуник (ЕРМ), РФС Рига (ЕСТ), Тобол (КАЗ),Милсами (МОЛ).