Турскиот кошаркарски клуб Турк Телеком ќе биде најверојатен учесник во новата сезона од Евролигата.
Ова го најави новиот генерален директор на турнирот, Паулус Мотејунас.
Турскиот клуб се пласираше во финалето на Еврокупот каде загуби од Гран Канарија. Шпанците решија да не го искористат правото на настап во Евролигата 23/24, па логично беше тоа право да се префрли на второпласираниот тим во натпреварувањето, во случајов Турк Телеком.
„Се треба да се расчисти на 29 јуни по акционерското собрание“, рече Мотејунас.