Добредојдовте Деандре и Кајлекс. Вака раководството на Феникс 2010 ги промовираше своите две нови имиња кој доаѓаат од САД: Првите странски засилувања за новата сезона се американските интернационалци кои ќе настапуваат на крилните позиции Деандре Томас и Кајлекс Стивенс.
Деандре доаѓа од универзитетот Маунт Сент Мерис каде минатата сезона брои просек од 7.4 поени, 2.7 скокови и 2.3 асистенции, додека Кајлекс од редовите на Индијана Стејт каде бележи просек од 7.0 поени о 3.9 скокови по натпревар.