Она што е добро секако дека треба добро и да се плати, она што е екстра треба и екстра да се плати. Па така и со Ерлинг Халанд. Имено на неверојатниот Норвежанец секоја недела од Манчестер Сити на сметката му “легнуваат“ вкупно 865.000 фунти и со тоа тој е убедлуво најплатениот фудбалер не само во неговиот клуб туку и во цела Премиерлига.
Кога ќе се соберат сите неделни плати, тогаш годишната плата на Халанд му е неверојатни 45 милиони фунти.
На второ место на оваа листа е Кевин де Брујне, исто од Манчестер Сити со 425.000 фунти неделна плата, па потоа Давид де Хеа од Манчестер Јунајтед со 402.250, па Мохамед Салах од Ливерпул со 373.750 фунти неделна плата.
Кога сме кај Халанд да кажеме дека во тие 45 милиони фунти не се сметаат парите кои тој ги добива од спонзорските договори.
Навистина прекрасно е да си Ерлинг Халанд со веројатно 100 милиони фунти вкупно годишни примања.