Како што денеска пренесуваат медиумите во Хрватска, голема е веројатноста “коцкестите“ да останат без селектор, односно без Златко Далиќ. Имено според некои инсајдерски информации, клуб од С. Арабија му доставил баснословна понуда и тој се двоуми дали да ја прифати, ако се знае дека сеуште е под договор со ХНС. Тој клуб се вика Ал Наср и ако ја прифати понудата тогаш ќе му биде тренер на Кристијано Роналдо.
Хрватска со Дали имаше фантастични успеси, еднаш втора на СП а еднаш трета, и втора во Лигата на Нации.
Далиќ, барем според неофицијални извори, од ХНС годишно зема 550.000 евра, а во С. Арабија би земал најмалку 20 пати повеќе.