Шпанија го прославуваше пехарот: Навивачите на Реал со навреди до најголемиот бисер (ВИДЕО)

347

По драматичен натпревар и подобро изведување на пенали, Шпанија во финалето на Лигата на нации ја совлада Хрватска со 5-4 и го освои и овој трофеј.

Еден од клучните играчи на победничкиот тим беше играчот од средниот ред на Барселона Гави, а при пристигнувањето во Мадрид навивачите на Реал не пропуштија шанса да го навредат.

Прославата се одржа во салата во која настапува кошаркарскиот клуб Реал Мадрид, а додека Гави го држеше својот говор, навивачите извикуваа: „Барса к***а.

И покрај тоа 18-годишниот играч за врска на Барса не се исплаши и го одржа својот говор.

Сепак, сцените кои беа видени беа многу грди, погледнете како изгледаше тоа:

ПретходноНа подготовките во Словенија: Шкендија си закажа пријателски со Петролул, Сараево, Горица…
СледноНадуваниот балон пукна на „Олд Трафорд“, има ли спас…!?