Водњански Лисици повторно се враќаат на сцена!

356

Екипата на Водњански Лисици по долго отсуство од официјалните кошаркарски натпреварувања повторно се враќа на сцена и тоа во годината која го слави 30-годишниот јубилеј од основањето на клубот.

На прес-конференција, Един Муса, која потекнува од оваа школа, која е во сопственост на нејзиниот татко Амбди Муса, најави големи амбиции. Македонската кошаркарска легенда Влатко Владичевски ќе биде главен тренер, засилен со уште две репрезентативни кошаркарски величини Ристе Стефанов и Дарко Здравковски.

Водњански Лисици има намера да постави нови стандарди за работа во македонската младинска кошарка без која евидентно е дека немаме никаква иднина.

  • Тренинзи и натпревари во малата сала во СЦ Јане Сандански
  • Ангажман на професионален кондиционен тренер и психолог
  • Клубот ќе настапува во опрема на HUMMEL
  • Благодарение на бројните помагатели, се ќе биде бесплатно за младите играчи кои ќе ги бранат боите на клубот
  • Сите натпревари ќе одат со директен пренос на стрим каналот на МОК ТВ
  • Обезбедени висински базични подготовки

Најпознато кошаркарско име од Водњански Лисици кое направило голем чекор во својата кариера е Предраг Самарџиски, кој направи „скок“ во Партизан.

ПретходноНадуваниот балон пукна на „Олд Трафорд“, има ли спас…!?
СледноСимева донесе водство за Македонија!