Луксембург ја шокира БиХ во Зеница, Србија се спаси од пораз со гол во 97 минута

304

Најголемото изненадување од вечерашните квалификациски дуели за ЕП 2024 година се случи на „Билино поље“ во Зеница каде што победа славеше Луксембург. Селекцијата која дојде како аутсајдер однесе голема победа од 2:0 над Босна и Херцеговина.
Босанците иако ги имаа Џеко, Шехиќ, Тахировиќ, Пјаниќ, не успеаја да најдат решение против противникот од Луксембург. Уште во 4 минута Луксембург поведе со голот на Боргес Санчез, а во 56 минута судијата досуди пенал за БиХ. Хаџиахметовиќ шутираше но промаши.
Конечниот резултат го постави најдобриот играч на Луксембург во моментов, Данел Синани во 74 минута.
По срамниот пораз навивачите од трибините јасно му порачаа на селекторот Фарук Хаџибегиќ да ја напушти клупата на националниот тим како и на првиот човек на НС на БиХ.

Луксембург има седум бода во групата Ј, а БиХ остана на три по четири одиграни кола.
Во оваа група Исланд и Портуалија одиграа без голови, додека Словачка го совлада Лихтенштајн со 1:0 со гол на Вавро во 45 минута.

А во Разград Србија се спаси од пораз со гол во 97 минута. Бугарите поведоа со гол на Кирил Десподов на почетокот на второто полувреме, а во последните секунди изедначи Лазовиќ. Во оваа група Г, Бугарија сега има два бода, Србија го запиша првото реми и има седум бода. Унгарија со 2:0 ја совлада Литванија и исто така има 7 бода.
Мечот меѓу Шкотска и Грузија беше прекинат при резултат 1:0 за домашните поради поплавен терен. По речиси еден час пауза мечот продолжи.

РЕЗУЛТАТИ ОД ДРУГИТЕ НАТПРЕВАРИ
АВСТРИЈА – ШВЕДСКА 2:0
БИХ – ЛУКСЕМБУРГ 0:2
БУГАРИЈА – СРБИЈА 1:1
ЕСТОНИЈА – БЕЛГИЈА 0:3
Ф.ОСТРОВИ – АЛБАНИЈА 1:3
ИСЛАНД – ПОРТУГАЛИЈА 0:1
ЛИХТЕНШТАЈН – СЛОВАЧКА 0:1
УНГАРИЈА – ЛИТВАНИЈА 2:0
МОЛДАВИЈА – ПОЛСКА 3:2
НОРВЕШКА – КИПАР 3:1

ПретходноРафа Бенитез се враќа во Ла Лига
СледноПРИЈАТЕЛСКИ: Сенегал го совлада Бразил, Германија поразена од Колумбија