Малку мелем на рана: Момците на Цапар ја згазија Малта!

1463

По се она што се случи вчера на “Олд Трафорд“, секако дека овие 4:0 на нашите надежи предводени од селекторот Драган Канатларовски – Цапар, попладнево против Малта доаѓаат како мелем на рана.

Младите селекции на Македонија и Малта до 21 година, одиграа попладнево на ФФМ пријателски натпревар на кој нашите надежи славеа со убедливи 4:0. И не само поради головите, момците треба да се пофалат за залагањето, играта, амбицијата да се дадат што повеќе голови. Така се игра за Македонија, се она што им недостигаше на нашите “најдобри“ фудбалери вчера во Манчестер.

No description available.

Серијата голови ја отвори Рамани во 10.минута, веќе во 15.минута со убав удар Тодоровски зголеми на 2:0, додека Стојчевски со фантастичен гол зголеми на 3:0, а Абази во 86.минута исто со прекрасен гол ги постави конечните 4:0. Имавме шанси реално барем за уште толку голови во мрежата на гостите.

За Македонија на овој меч настапија: Алчевски, Стојчевски, Деспотовски, Николов, Илиевски, Златков, Максимов, Фета, Фетаи, Тодоровски, Рамани. Играа уште и: Вик.Крстевски, Рамадани, Малески, Ван.Крстевски, Абази, Талаков, Тасев, Трајков, Ангелов…

Со овој меч, како и со оној пред неколку дена со Ерменија (1:1) исто во Скопје, заврши јунскиот циклус со тие две пријателски средби пред стартот на квалификациите во септември.

ПретходноСон ги “откачи“ Арапите, останува во Тотенхем: Парите сега не ми се важни!
СледноТурк Телеком ќе игра во новата сезона во Евролигата