Никола Миротиќ, досегашниот кошаркар на Барселона и еден од најдобрите во Европа, бил пред можен трансфер во Ц. Звезда. Имено според медиуми во Грција, а тоа го пренесуваат во Србија, но и во Европа, “црвено-белите“ му нудат на Миротиќ неверојатни 2,7 милиони евра.
Оваа вест се истакнува како “бомба“, ако се знае дека станува збор за голема понуда за еден кошаркар од Европа. Инаку Ц.Звезда ги навикна своите фанови на вакви мега – трансфери. Имено да се потсетиме дека во текот на зимскиот преоден рок, таа успеа да го донесе еден Кампацо.