На подготовките во Словенија: Шкендија си закажа пријателски со Петролул, Сараево, Горица…

279

Во пресрет на уште едно европско лето, Шкендија е веќе на подготовки во Рогла (Словенија) каде тетовци под водство на новиот тренер Ардијан Нухиу ќе ја одработи главната фаза. Условите се идеални, а играчите покрај вообичаените тренинзи ќе одиграат и четири пријателски натпревари.

Познати се имињата на спаринг – партнерите и термините на овие контролни мечеви.

Првиот тест Шкендија ќе го има против Петролул од Романија (22 јуни), потоа следува контролата со Рогашка од Словенија (26 јуни), па со Сараево од БиХ (30 јуни) и на крај со Горица од Хрватска (4 јули).

ПретходноМладинците на „тест“ во Подгорица, Василев патува со 16 кошаркари!
СледноШпанија го прославуваше пехарот: Навивачите на Реал со навреди до најголемиот бисер (ВИДЕО)