Надал нема право да игра на ЛОИ во Париз следната година!

294

Според сегашните олимписки правила, Рафа Надал воопшто нема право да учествува на олимпискиот тениски турнир. Надал не настапи за шпанската репрезентација на последните два меча од Дејвис купот, што е задолжителен предуслов за тенисер да учествува на Олимписките игри.

Сепак, можно е да се направи преседан поради освојувачот на 22 Грен слем титули. Претседателот на Германската тениска асоцијација и кандидат за претседател на Меѓународната тениска федерација (ИТФ), Дитлоф фон Арним, е еден од оние кои се залагаат за тоа:

„Тоа се правилата, но зошто им отежнуваме и им создаваме проблем на играчите? Рафа сака да игра во Париз, да му олесниме и да ги смениме правилата. Не сум во Олимпискиот комитет, но треба да се разговара. Доколку постои можност би го направил тоа, би додал и дека играчите треба да добијат бодови од Олимписките игри. Треба да гледаме како да им помогнеме, а не да им ставаме пречки. Нека играат, ние мора да ги поддржиме“, изјави Фон Арним.

ПретходноЛК – 1.квалификациско коло: “Лавовите“ против РФС од Летонија, лесни пречки за Шкендија и Шкупи
СледноТенисерките убедливо подобри и од Азербејџан