Нухиу: Респект за велшаните, но Шкендија има намера да ја мине оваа пречка!

300

Денеска во Нион, ждрепката сакаше Шкендија во 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции за ривал да го добие тимот на Хаверфордвест од Велс, тотално непознат противник за сите нас, па и за сите во Шкендија.

Свој коментар по денешната ждрепка имаше Ардијан Нухиу, стратегот на тетовци:

Максимален респект за противникот. Нема слаб противник во оваа фаза во Европа. Треба добро да се анализира тимот од Велс, и тоа во детали. Треба исто така добро да се подготвиме за тие два меча, од друга страна ние не криеме дека нашите амбиции се да ја минеме оваа пречка“ истакна тренерот на Шкендија.

ПретходноРК Бутел се засили со Србинот Лука Иваниќ!
СледноФеникс 2010 промовираше двајца кошаркари од САД! (ФОТО)