Скратен е списокот со можните ривали на нашите претставници во 1.квалификациско коло во ЛК, денеска е ждрепката

369

Во Лигата на Конференции,  ждрепката за 1.квалификациско коло ќе се одржи во 15 часот денеска во Нион.

Познато е дека Шкендија и Шкупи се носители, па ќе имаат и полесни ривали, а Македонија ЃП е во групата на неносители па ќе има потежок ривал на  хартија.

На Шкендија како носител ќе и се падне една од овие пет екипи: Жилина (СВК), Хака (ФИН), Дери Сити (ИРС), Викингур (ИСЛ) и Хавервордвест (ВЕЛ).

Шкупи како носител ги “доби“ Паиде (ЕСТ), Сент Патрик (ИРС), Дукаѓини (КОС), Гленторан (С. ИРС), Хегелман (ЛИТ), Пенубонт (ВЕЛ).

Македонија ЃП е неносител и за ривал ќе добие една од следните пет екипи: Дунајска Стреда (СВК),Пјуник (ЕРМ), РФС Рига (ЕСТ), Тобол (КАЗ),Милсами (МОЛ).

ПретходноОва се петте можни ривали на Струга ТЛ во 1.квалификациско коло во ЛШ пред денешната ждрепка во Нион
СледноМладинците на „тест“ во Подгорица, Василев патува со 16 кошаркари!