Младите македонски тенисерки Ива Данева и Ана Митевска со победата во игра на двојки ги потврдија максималните 3:0 за Македонија против Азербејџан во дуелот од второто коло од Третата Европска зона од Били Џин Кинг купот што се игра во Скопје. Данева и Митевска ги совладаа Лала Еивазова и Улвија Сулејманова со 2-0 во сетови (60 60) за 31 минута.
Претходно во сингл мечевите Александра Симева ја победи Сулејманова со 2-0 во сетови (61 61), додека Магдалена Стоилковска беше убедлива против Еивазова со 2-0 во сетови (60 60).
Утре во дуелот од третото коло Македонија ќе игра против првиот носител од Б групата селекцијата на Финска.