Христов е првото големо засилување за Пелистер

1278

Пелистер денеска го претстави првото големо засилување за новата сезона. Станува збор за напаѓачот Симеон Христов кој доаѓа во Битола од екипата на новиот прволигаш Гостивар. Искусниот напаѓач има настапувано за Вардар, ФК Работнички, Македонија ЃП, Тиквеш, а пред 10 години ги бранеше и боите на Пелистер.

„Благодарност до управата и до тренерот за довербата да бидам дел од тимот и се надевам дека сите заедно ќе успееме во зацртаната цел за влез во ПМФЛ. Ова е мое второ доаѓање во Битола и имам прекрасни спомени од тука. Ова е фудбалски град со голема традиција и навивачи кој заслужува место во ПМФЛ“, истакна Симеон Христов

ПретходноДавидовски по страотниот инцидент: Само го пуштив воланот!
СледноЕвро-квалификации: Србите по нова победа во Разград, дерби на „Ернст Хапел“ во Виена