„Бомба“ од Париз: Луис Енрике сака да го задржи Нејмар во ПСЖ!

441

Иако сеуште нема официјална потврда дека Луис Енрике е новиот тренер на ПСЖ, сепак според Л`Екип таа работа е веќе готова. Останува само да се разрешат некои ситени детали. А дека е готово, дека Шпанецот и екс тренер на Рома и Барса, како и екс селекторот на Шпанија доаѓа на “Паркот на принцовите“ доказ е тоа што Енрике веќе го комплетира тимот.

Само едно барање од негова страна дошло како шок за Насер Ал – Келаифи, првиот човек на ПСЖ, а тоа е Нејмар по секоја цена да остане.

И тој, но и Верати, и уште неколку имиња кои се споменуваа како екс играчи на ПСЖ, требало да останат.

Да кажеме дека Нејмар и Луис Енрике во Барселона имаа супер соработка.

ПретходноКонечно Федерер одговори на прашањето дали Новак е најдобриот во историјата!
СледноТипичен Балканец: Го сопре изведувањето на аутот на противничката селекција па доби исклучување!